/ Прочитано:

1.402

Документ за јавни политики: (Не)функционирањето на системот за спречување на корупцијата во јавните набавки во Македонија

Центарот за граѓански комуникации го објави документот за јавни политики: (Не)функционирањето на системот за спречување на корупцијата во јавните набавки во Македонија.

Тендерите, како што популарно се нарекуваат јавните набавки, посочуваат од Центарот за граѓански комуникации, се област која е една од најподложните, ако не и најподложна на корупција. Токму поради ова, како во многу други земји така и во Македонија, мноштво институции во системот имаат, барем онака како што е поставено и правно регулирано, одредена улога во борбата против корупцијата во јавните набавки. Но, како и во многу други области така и овде, тој систем генерално не функционира. Документот ја анализира улогата на секоја од вклучените институции во системот и предлага мерки за поефикасна борба против корупцијата во јавните набавки.