/ Прочитано:

1.315

Документ за јавни политики во однос на поставеноста и работењето на Судскиот совет

Институтот за човекови права објави Документ за јавни политики во однос на поставеноста и работењето на Судскиот совет.

Судскиот совет на РМ, во рамки на својата надлежност за обезбедување независност на судството, треба да иницира и да води процес на активности со цел да се промовира независно, одговорно и висококвалитетно судство, со што ќе овозможи непристрасно, ефективно и ефикасно остварување на правдата. За исполнување на оваа цел, се нагласува во Документот, потребно е да се третираат два аспекта.

Прво, надворешниот аспект, во однос на воспоставена правна регулатива за непречено извршување на надлежностите на Судскиот совет и овозможување независност на судската од законодавната и извршната власт и од други надворешни влијанија, како и јакнење на улогата на судството во рамки на државата, и второ, внатрешниот аспект, во смисла на внатрешно функционирање на постоечките капацитети на Судскиот совет.

„Судскиот совет треба да преземе активности за решавање на прашањата кои во изминатиов период се идентификувани како проблематични, за целосно функционирање на независно и непристрасно судство, а сè со цел да се зајакне владеењето на правото, особено преку обезбедување поддршка за поголема и суштинска транспарентност, отчетност, ефикасност и ефективност, како елементи за квалитет на судството“, се посочува во Документот за јавни политики.

Овој Документ има цел да ги прикаже капацитетите и структурата на Судскиот совет и особено да служи за идентификување на предизвиците со кои се соочува Судскиот совет за транспарентно, отчетно и ефективно извршување на своите надлежности, а кои се условени како од надворешниот аспект (правната рамка), така и од внатрешниот аспект (резултатот на нивната работа, човечките и финансиските капацитети и слично).

Целосниот текст на документот може да се презема на следниот линк.

Презентиран новиот извештај на Институтот за човекови права за работата на Судскиот совет

М.В