/ Прочитано:

1.186

Доживотен затвор за Караџиќ

Поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ, во второстепена постапка пред Хашкиот трибунал е осуден на казна доживотен затвор. Со второстепената пресуда зголемена му е казната од 40 години која му беше досудена  во 2016 година.

Пред Судот во Хаг на Караџиќ му се судеше за повеќе обвиненија, од кои за геноцид, за злосторства против човештвото (прогони, убиства, истребување, депортација и присилни иселувања) и за кршење на правилата и обичаите во воена состојба. Поранешниот лидер на босанските Срби е во притвор во Шевенинген од 30 јули 2008 година.

ПРЕСУДА ПРОТИВ РАДОВАН КАРАЏИЌ: Детали за прогоните, убиствата, истребувањето, депортацијата и присилни иселувања