/ Прочитано:

1.099

Џафери: Го штитам нивото на институцијата,  не сум судија да судам

Претседателот на Собранието на РСМ, Талат Џафери, на редовна средба со претставниците на медиумите, во врска со седницата на која единствена точка беше барањето на судот за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски, рече дека работи според пропишаните процедури.

Интегралното обраќање на претседателот Џафери, кое го објави  Собранието, го пренесуваме во целост:

Правниот дел не беше до крај исполнет. Немаше предлог одлука од Комисијата за мандатно имунитетни и деловнички прашања. Што да ставам на гласање? Ова се случува прв пат, не е прецизирано во Деловникот и треба да се најде соодветно решение за такви случаи. Мене не можат да ме водат пратениците од место, јас ја водам седницата. Не се занимавам каква цел имал пратеникот Мухамед Зекири. Моја должност беше да ја закажам седницата, а друго прашање е каков ќе биде исходот од седницата“, одговори Претседателот Џафери на новинарските прашања.

Претседателот Џафери, одговарaјќи на прашањето дека се стекнува впечаток дека го заштитил пријателот Трајко Вељаноски, беше дециден:

„Мене ми се пријатели сите 120 додека се пратеници. Не можам во работата да внесувам лични чувства. Јас го штитам нивото на институцијата, но не сум судија да судам. Немам коментар на изјавата на обвинителката Русковска дека нема да бара следење на осомничените, ги разбирам медиумските изјави и за ова има соодветна постапка и одговорноста е во судот“, одговори Џафери, додавајќи дека вчера го известил судот дека Собранието нема донесено одлука за имунитетот.

За случајот со пратеникот Љупчо Димовски објасни дека, мнозинството немало обезбедено 61 пратеник за да ја стави одлуката на гласање. Кворум имало, но не и 61 пратеник како мнозинство за носење на одлуката, бидејќи  кворумот бил со пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот Џафери не ги коментира релациите во коалицијата, бидејќи тоа е работа на партиите, а тој е Претседател на Собранието.

Џафери ја објасни и регулативата за избор на претседател и што во случај доколку во вториот круг нема избран претседател, т.е. не е исполнет цензусот од 40 проценти излезени гласачи од вкупниот број избирачи. Во тој случај процедурата  се повторува, а се распишуваат нови избори во рок не подолг од 90 дена но не и пократок од 70 дена до денот на датумот определен за избори. Во овој период, претседателот на Собранието ја врши функцијата претседател на државата, но не подолго од 6 месеци. Во ситуација, кога поради разни причини, претседателот на државата не може да ја врши функцијата, претседателот на Собранието ја извршува и оваа функција, може да раководи со собраниските седници, но нема право на глас. Во тој случај изборите за претседател на државата треба да се одржат во рок од 40 дена.

Новиот закон за антидискриминација на дневен ред е на 14. Април, а дотогаш треба да го разгледаат комисиите. Доколку не биде закажана седницата на матичното работно тело, претседателот на Собранието ќе определи кој ќе ја закаже седницата.

Антикорупциската комисија треба да одлучи за случаите на непотизам, а член 9 од Уставот, рече претседателот Џафери, е јасен дека граѓаните се еднакви пред законот и никој не смее да биде дискриминиран.

Немаше услови за одземање на имунитетот на Трајко Вељаноски, вели претседателот на Собранието

ВЛАДАТА: Оставката на Котевски ќе се разгледува по завршување на претседателските избори

Оставка на директорот на затворот КПУ Затвор Скопје и дисциплински постапки против повеќемина вработени

„Комисијата не зазеде став“ – целосен текст на извештајот за барањето за одобрување притвор на Трајко Вељаноски

Делегацијата на ЕУ остро го осудува инцидентот во КПУ Затвор Скопје, а премиерот ја очекува оставката од директорот

Барањето за одобрување притвор на поранешниот претседател на Собранието пред Комисијата за мандатно-имунитетни прашања

Правилник за куќен ред: „При извршување на мерката притвор се чува телесното и душевното здравје на притвореното лице“

Осуди за инцидентот во КПУ Затвор Скопје

Кривичниот суд за определувањето мерка притвор за Ристовски и Јанакиески

ЈОРМ: Под истрага организаторите на настаните во Собранието

Одредбите од Уставот и Деловникот на Собранието на РМ за имунитетот на пратениците

М.В