/ Прочитано:

1.036

ДЗС: Во согласност со Законот за заштита и спасување локалните самоуправи преземат мерки за расчистување на снегот

„Дирекцијата за заштита и спасување апелира до сите градоначалници и единици на локалната самоуправа да ги преземаат сите неопходни мерки за расчистување на снегот и снежните наноси заради нормално одвивање на сообраќајот и заштита на населението согласно Законот за заштита и спасување“, се вели во соопштението на Дирекцијата.

Во Законот за заштита и спасување се пропишува дека надлежност на Советот на единицата на локалната самоуправа е и расчистување на локалните патишта, улиците и другите инфраструктурни објекти во случај на непроодност поради врнежи од снег, наноси од снег, голомразица, наноси од земја предизвикани од силни врнежи, одрони, лизгање на земјиштето и друго.

М.В