/ Прочитано:

1.982

ЕК отвора казнена постапка против Унгарија

Во согласност со законската регулатива во Унгарија, невладините организации кои на Владата нема да ѝ соопштат детали за начинот на добивање на финасиски средства, подлежат на казни. Европската комисија забележува дека ова законодавство не соодветствува со правилата во Европската Унија. Според Европската комисија, спорниот закон е во спротивност со правото на собирање, со слободата на движење на капиталот и не обезбедува заштита на личниот живот, поради што денеска соопшти дека ќе отвори казнена постапка против Унгарија поради законската регулатива за невладините организации.

Европската комисија денеска соопшти дека ќе отвори казнена постапка против Унгарија поради законската регулатива за невладините организации.

Унгарскиот закон ги задолжува организациите што добиваат средства од странство над 24.000 евра годишно да наведат дека се поддржани од странство.

Имено, во согласност со овој закон во Унгарија, невладините организации кои на Владата нема да ѝ ги кажат деталите за начинот на добивање на средствата подлежат на казни.

Комисијата забележува дека ова законодавство не соодветствува со правилата во Европската Унија, па затоа на официјална Будимпешта ѝ дава рок од еден месец за одговор. Според Европската комисија, спорниот закон е во спротивност со правото на собирање, со слободата на движење на капиталот и не обезбедува заштита на личниот живот.

ЕК потенцира дека во април годинава ја предупредила Владата на Унгарија за своите забелешки за законот, а исто така нагласува дека и Советот на Европа изразил сомненија за неговата дозволивост.

Според Европската комисија, доколку се покаже за неопходно, Унгарија ќе биде изведена пред Судот на Европската Унија.