/ Прочитано:

1.588

Економскиот факултет – Скопје и АИЕСЕК Скопје ја организираат 7. Меѓународна летна школа

Меѓународната летна школа е проект кој по седми пат се организира од страна на Економскиот факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и студентската интернационална платформа АИЕСЕК Скопје.

Темата на годинешната Школа Направи разлика – стани млад лидер во справување со новите економски предизвици на патот кон ЕУ е дефинирана во согласност со актуелните проблеми и предизвици со кои се соочуваат земјите од регионот на патот кон нивното полноправно зачленување во Европската Унија, од една страна; и тековните проблеми и предизвиците со кои се соочува Унијата по последната економска криза, од друга страна.

Целта на проектот е пренесување на теоретските и практичните искуства поврзани со новите сознанија во економијата и јавните политики во посткризниот период, а кои треба да се земат предвид во справување со економските проблеми и реформи во земјите од регионот во функција на јакнење на конкурентноста на нивните економии на патот кон ЕУ.

Интегрални тематски области:

  • Економски реформи и политики на патот кон ЕУ;
  • Финансиски пазари и институции
  • Институции и институционални реформи;
  • Економија базирана на знаење;
  • Претприемништво, бизнис и економски перформанси.

Најавените тематски области ќе бидат покриени од академски кадар од реномирани и добро етаблирани универзитети, како и од експерти од релевантни домашни и меѓународни институции. Посебен простор на Школата ќе биде оставен за размена и пренесување на искуствата од успешните македонски компании.

Детали за школата може да погледнете на следниов линк.