/ Прочитано:

1.278

ЕСС го прифати ревидираниот Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2017 година

Ревидираниот Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2017 година обезбедува поголема активација на младите лица во новите програми, се дава можност за вклучување во програмите на сите невработени лица, а не само на активните баратели на работа, потоа вклучување на граѓанските организации, како и регионален пристап при имплементацијата и вклученоста на повеќе засегнати страни. Со ревидираниот Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2017 година кај одредени програми врз основа на досегашната имплементација се направи корекција на бројот на опфатот на лицата, одделни програми се изоставија и се додадоа нови програми кои ќе обезбедат вклучување на пазарот на трудот претежно на млади невработени лица.

Економско-социјалниот совет (ЕСС) на седница со која претседаваше министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, го разгледа и го прифати ревидираниот Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2017 година.

Членовите на ЕСС беа информирани за потребата од ревизија на Оперативниот план поради обезбедени дополнителни финансиски средства, како и за реализација на поставените цели предвидени со различните програми и мерки.

Со ревизијата се обезбедува поголема активација на младите лица во новите програми, се дава можност за вклучување во програмите на сите невработени лица, а не само на активните баратели на работа, потоа вклучување на граѓанските организации, како и регионален пристап при имплементацијата и вклученоста на повеќе засегнати страни.

Со ревидираниот Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2017 година кај одредени програми врз основа на досегашната имплементација се направи корекција на бројот на опфатот на лицата, одделни програми се изоставија и се додадоа нови програми кои ќе обезбедат вклучување на пазарот на трудот претежно на млади невработени лица.

Членовите на ЕСС, прифаќајќи го ревидираниот Оперативен план препорачаа да се обезбеди поголема промоција заради навремено и целосно запознавање на заинтересираните невработени лица, работодавачи и сл.

Ревидираниот Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2017 година се состои од повеќе од 80 страници и овој документ обезбедува сеопфатна рамка за претставување на услугите на пазарот на трудот и програмите и мерките за вработување што ќе се имплементираат. Сите невработени лица кои се евидентирани во АВРМ како активни баратели на работа имаат пристап до услугите и програмите, односно мерките за вработување, утврдени во Оперативниот план за 2017 година. Правото за учество се определува врз основа на условите и критериумите дефинирани за секоја поодделна услуга и програма, односно мерка за вработување, а како општо правило се настојува да се постигне еднаква застапеност на мажите и жените, како и учество на младите лица до 29 години од најмалку 30 проценти. Оперативниот план за 2017 година уредува низа активности, со цел зголемување на ефикасноста и ефективноста од реализацијата на услугите и програмите, односно мерките за вработување, преку поедноставување на административните процедури и олеснување на неговата целокупна имплементација.

Прво, Оперативниот план за 2017 година ги уредува основните принципи што треба да се почитуваат при спроведувањето на услугите и програмите, односно мерките за вработување, како што се целта, описот, опфатот и целните групи, финансиските средства и нивните извори на финансирање, како и надлежните институции за имплементација. АВРМ во соработка со другите партнери во имплементацијата ќе донесе детални оперативни упатства за реализација на услугите и програмите, односно мерките за вработување.

Второ, Оперативниот план за 2017 година предвидува примена на исти критериуми за избор на работодавачи кои ќе покажат интерес за вклучување во спроведувањето на програмите и мерките за вработување. Критериумите се однесуваат на: 1) почитување на постојните прописи за вршење на дејност, оданочување и работни односи и 2) задржување на бројот на вработени во периодот пред и за време на имплементацијата. За одредена програма, односно мерка за вработување може да се применат и дополнителни критериуми кои треба да се дефинираат во оперативните упатства. Како општо правило, работодавачите може да аплицираат во програмите, односно мерките за вработување во текот на целата календарска година (отворен повик за аплицирање), освен доколку со оперативните упатства за спроведување на одредена програма, односно мерка за вработување не е поинаку предвидено. Планот предвидува и финансиски средства за промоција на активностите, со цел подобро информирање на работодавачите, невработените лица и другите заинтересирани субјекти. Трето, вклучувањето на невработените лица во услугите и програмите, односно мерките за вработување се врши врз основа на јавни повици за аплицирање, кои се отворени во текот на целата година, како и со упатување (профилирање и индивидуален пристап кон невработените лица). Невработените лица се информираат на повеќе начини (телефон, СМС, е-пошта) за учество во соодветната услуга или програма, односно мерка за вработување. Одбивањето учество од страна на невработените лица може да доведе до губење на статусот на „невработено лице регистрирано во АВРМ“, во согласност со одредбите од Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност. Со избраните кандидати за секоја од активните програми и мерки поединечно, се склучува соодветен договор со кој подетално се уредуваат правата и обврските на учесниците.

А. Б.