/ Прочитано:

3.268

Физичките лица во системот на ДДВ и владеењето на правото во Македонија

Институтот за економски истражувања и политики „Фајнанс тинк“ ја објави студијата „Физичките лица во системот на ДДВ и владеењето на правото во Македонија со посебен осврт и предлог-решенија во делот на авторските договори“. Автори на студијата се Марјан Петрески, Марјан Николов, Весна Гарванлиева и Борче Смилевски.

Оваа студија е подготвена во рамките на проектот „FISCAST+: Фискалната транспарентност и одговорност ги подобрува политиките во областите на квалитет на живот, образование и здравство”, финансиран од Владата на Обединето Кралство, со поддршка на Британска амбасада Скопје.

„Владеењето на правото како концепт не е важнo само за себе за да обезбеди праведно општество, туку и за да овозможи амбиент за остварување економски пораст и развој. Доброто владеење во себе вклучува многу повеќе од моќ на државата или сила на политичка волја. Владеењето на правото, транспарентноста и одговорноста не се само технички прашања за административна постапка или институционален дизајн, туку се резултат на степенот на демократија на процесите. Системот на јавни финансии треба да почива врз транспарентни процедури и правила бидејќи добро поставени процедури и правила што се применуваат и почитуваат без исклучоци ја намалуваат можноста од дискрециско водење политика, што води до предвидливост и сигурност на амбиентот за остварување на целите на економските агенти“, се вели во студијата.