/ Прочитано:

6.201

Физичко лице како даночен обврзник за цели на ДДВ

Предмет на оданочување со данокот на додадена вредност е прометот на добра и услуги кој се врши во земјата од страна на даночниот обврзник, како и увозот на добра (член 2 од Законот за данок на додадена вредност), се образложува во „Водичот за подобро информирање на физичките лица за данокот на додадена вредност“.

Даночен обврзник за цели на данокот на додадена вредност, се вели во  Водичот, е секое лице кое трајно или повремено самостојно врши стопанска дејност, независно од целите и резултатите од оваа дејност (член 9, став (1) од Законот за данок на додадена вредност).

Оттука, за даночни обврзници за цели на ДДВ се сметаат физичките лица кои самостојно вршат промет на добра и услуги а кои ги исполнуваат следните услови:

лицата вршат стопанска дејност и

лицата ја вршат стопанската дејност трајно или повремено.

Целите и резултатите од вршењето на стопанската дејноста не се битни при утврдувањето дали физичкото лице ќе се смета или нема да се смета за даночен обврзник, доколку се исполнети горенаведените два услова (член 9, став (1) од ЗДДВ).

Предмет на оданочување со ДДВ кај физичките лица не е остварениот доход по кој било основ, туку прометот на добра и услуги.

Платите не се предмет на оданочување со ДДВ бидејќи не се смета за самостојна дејност кога физичките лица поединечно или здружени се вработени во некое претпријатие и кога се обврзани да ги следат упатствата на работодавачот.

Водич со корисни информации и упатства за физичките лица за данокот на додадена вредност

УЈП: До 15 јануари да се поднесе пријава за регистрација за ДДВ

М.В