/ Прочитано:

4.135

ФЛЕКСИБИЛНО РАБОТНО ВРЕМЕ: Од утре започнува двосменското работење во повеќе државни институции и во градинките

УЈП, Царинската управа, Управата за водење на матични книги, МВР, подрачните отсеци во Секторот за управно-надзорни работи, во Одделот за граѓански работи, Министерството за одбрана – одделенијата за одбрана на регион со градовите и општините во состав се институциите кои првично ќе почнат да работат во две смени.

Работното време во овие институции ќе биде од 7:00 до 14:30 часот и од 14:00 до 21:30 часот, а ќе се работи и првата сабота од месецот, но само во една смена од 8:00 до 16:00 часот.

Како што беше најавено, овие реформи со флексибилно работно време Владата ги спроведува со цел да им излезе во пресрет на граѓаните, односно овозможување подобри услови за вработените во администрацијата да имаат шанса да се приспособат на работното време на градинките и училишните установи.

Што се однесува до флексибилното време кое ќе се воведе, работниот ден ќе трае 8 часа, со што почетокот на работното време ќе биде меѓу 7:30 и 8:30 часот, а завршувањето меѓу 15:30 и 16:30 часот.

И Судскиот совет на Република Македонија вчера донесе одлука за утврдување на работното време во судовите во Република Македонија. Новото работно време на судовите од 7:30 часот до 15:30 часот ќе почне да се применува од понеделник, 4 септември, според одлуката на Владата за промена на работното време кај администрацијата.

М.В.