/ Прочитано:

6.821

(ФОТО) Студентите од Правниот факултет „Јустинијан Први“ ја украсија новогодишната елка со желби

Како и секоја година, традиционално и оваа година, студентите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ на новогодишната елка ги истакнаа своите желби за во новата година, на кои можат да се прочитаат интересни, хумористични и сатирични пораки.

„Има многу интересни желби и пораки на елката. Оваа елка за Правниот факултет е препознатлив симбол за време на новогодишните празници, што говори дека на Факултетот се негува слободата на изразување“, духовито коментираат студентите.  Некои од желбите и пораките штоможат да се прочитаат на новогодишната елка се однесуваат на успех во студиите и во приватниот живот, а дел се однесуваат и на академскиот кадар на Факултетот.

„Сакам да станам менаџер.“

„Да завршам факултет пред да родам.“

„Сакам Драган Гоцевски да стане професор.“

„Ристова-Астеруд за премиерка!“

„Да положам Економика кај Шапкова.“

„Александар Стојков е најдобар професор.“

„Да ги положам испитите со десетка.“

„Апасиев на Правен!“

„Да ја уновчам магистратурата по Деловно!“

„Димитар Гелев – најдобар професор!“

„Викаат дека сум бил вечен студент, а студирам само 23 години. 23 години не е вечност.“

„Да положам сè во прв семестар. Поздрав до Дедо Мраз.“

„Во новата година сакам да ја запознаам љубовта на мојот живот.“

„Среќа за сите луѓе на Факултетот. Да ги положите испитите и да земете диплома.“

„Ако не ми дадеш една девојка оваа година, лошо ти се пишува, Дедо Мраз.“

„Да положам Вовед кај Спасов.“

„На сите луѓе им посакувам радост и многу љубов.“

„Среќна Нова година посакувам од срце.“

М.В