/ Прочитано:

3.918

„Фридом хаус“: Македонија – ослободување на заробената држава

Mакедонија, заедно со Естонија и Узбекистан, е посочена како светла точка во најновиот извештај „Нации во транзиција“ на американската невладина организација „Фридом хаус“. Како земји во кои е забележано најголемо назадување во изминатата година „Фридом хаус“ ги издвојува Полска, Унгарија и Србија.

„Најголемата шанса за демократски напредок во Европа денес се наоѓа во Македонија. Иако мала земја, шансата е голема: успех во Македонија би значел крај на една деценија заробена држава и мирно решавање на билатералните спорови што го спречуваат политичкиот и економскиот напредок во регионот“, се наведува во извештајот, во кој се вели и дека новата Влада заслужува силна поддршка од САД и ЕУ, особено во поглед на решавање на прашањето со името.