/ Прочитано:

1.775

(ГАЛЕРИЈА) НОВИТЕ АДВОКАТИ ДАДОА СВЕЧЕНА ЗАКЛЕТВА

Со давање свечена заклетва дека должноста ќе ја вршат совесно и дека ќе се придружуваат до Уставот, до законите, до меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот, до Статутот на Комората, до Кодексот на адвокатската етика и дека во сите свои постапки ќе внимаваат на угледот на адвокатурата како јавна служба, 56 адвокати вчера станаа дел од македонската адвокатура.

akad 4

„Добре дојдовте во македонската адвокатура. Ви посакувам многу успех. Бидете добри во судница, бидете добри адвокати и никогаш не плашете се од никого. Секогаш бидете со крената глава и со исправен ʼрбет. Вистинскиот адвокат не се плаши од никого. Адвокатите отсекогаш биле оние кои се предводници!“, им порача на новите адвокати претседателот на Адвокатската комора на Република Македонија, Никола Додевски.

akad 4

Тој истакна дека адвокатската професија бара многу посветеност и одзема дел и од приватниот живот, што говори за одговорноста на адвокатската професија за која е потребна храброст, пожртвуваност, знаење и етичност.

„Адвокатот е адвокат во секоја прилика, и во судница и надвор од неа – достоинствен и учтив. Адвокатите мора секогаш да бидат максимално учтиви кон своите странки, кон спротивната страна, како и кон своите колеги. Никогаш не влегувајте во судница без почит кон другите. Почитта е само мал придонес кон вашето убаво чувство што ја вршите оваа благородна професија. Доколку ја сфатите судницата како терен за кавги, сте ја згрешиле професијата…“

akad 4

„…Ако денеска ве примаме во адвокатурата, ако ја вршите оваа професија, бидете адвокати, а не квазиобвинители или квазисудии. Има адвокати кои најмалку ѝ мислат добро на адвокатурата, во одредени нивни настапи мислите дека гледате обвинители, адвокати кои ја згрешиле професијата, рече Додевски.

akad 4

Тој ги советуваше адвокатите добро да ја чуваат адвокатската лиценцата затоа што има многу ризици поради кои можат да ја изгубат.

„Во последно време дури имаме појава кога одредени трговски друштва под параванот дека вработуваат адвокати, всушност „изнајмуваат“ лиценци. Затоа ние, како Адвокатска комора, водиме сметка за она што се случува. Комората е местото каде што треба да ги упатите вашите критики, Комората е вашето собиралиште. Почитувајте ја нашата организација како место кое ќе ви помогне во работењето“, истакна претседателот на АКРМ.

akad 4

На почетокот од свечената церемонија, етиката беше прашањето за кое се говореше пред новите адвокати, на кои им беше предочено дека адвокатурата не може да се врши без да се знае, без да се почитува и без да се вреднува она што значи суштина на професијата, а тоа е етиката.

akad 4

Етиката е суштински двигател на професијата и од тие причини таа мора да биде основата за нивното професионално однесување и надградување.

akad 4

По добивањето на лиценците за вршење на адвокатска дејност, новите адвокати, со голем ентузијазам и со мотивација за идната работа, истакнаа дека се остварила нивната желба да бидат дел од македонската адвокатура и нагласија дека во своето работење ќе се водат од принципите на професијата, од Уставот и од законите.

akad 4

Новите адвокати велат дека да се биде адвокат значи да се има најубавата професија на светот, професија која е полна со предизвици и која е на браникот на правата на граѓаните.

akad 4

„Среќни сме што дадовме заклетва на оваа прекрасна свеченост и дека во одбраната на вредностите на адвокатурата ќе бидеме дел од македонската адвокатската заедница, од нејзиниот континуиран развој кој продолжува во традиција која за нас е инспирација и повик за голема одговорност“, истакнуваат новите адвокати.

(М.В)

akad 4

akad 4

akad 4

akad 4

35

33

10

30529126414