/ Прочитано:

1.451

Ѓуро Сеса, хрватски судија: Најбитно е судијата да остане независен и во очите на јавноста

Ѓуро Сеса е судија во Врховниот суд и претседател на хрватското Здружение на судии. Неговата кариера ја одбележува долгогодишното искуство во пониските судови во Загреб, член на преговарачкиот тим на Хрватска за влез во ЕУ, дел од Управниот одбор на Европското здружение на судии. Нешто повеќе за релацијата меѓу судството и јавноста во Хрватска,  за Академик –  врховниот судија Ѓуро Сеса.   

 

Ѓуро Сеса, врховен судија во Хрватска

Според вашето долгогодишно искуство како судија, каква е вашата оценка за адвокатите кои се занимаваат со кривично право?

– Мислам дека адвокатите кои се занимаваат со кривичната материја, со предметите кои се во фокусот на јавноста и имаат голем број на обвинети се максимално посветени на своите клиенти, имаат навистина добра одбрана. Не се сеќавам некогаш адвокат во судница особено кога застапува клиент обвинет за тешко кривично дело да не ги почитувал правилата за добро однесување во судница. Се разбира денес јавноста сака да знае сè што се случува во и надвор од судницата, па одредени адвокати сакаат судската постапка да ја водат преку медиумите, надвор од судниците.

Вашето искуство со судењето на Иво Санадер кое го пренесувате во живо создаде слика за транспарентно судство во Хрватска. Како е можно судијата да остане независен кога предметот привлекува големо медиумско внимание и расте притисокот на јавноста. Како се справуваат хрватските судии со ваквите ситуации?

– Судиите во Хрватска веќе се навикнати на вакви ситуации, лично мислам дека ваква атмосфера не може да влијае на нив.  Исто така многу е важно што ќе се преземе кога на овој начин ќе се загрози интегритетот на судот и на судијата. Всушност не е важна само независноста на судијата, многу е побитно истиот да ù остави таков впечаток на јавноста. Затоа секој напад врз судија особено ако има политички мотиви мора да стане предмет на остра реакција.

Во Македонија се добива впечаток дека судовите се затворени за јавноста. Правната фела честопати коментира дека новинарите поставуваат нелогични прашања бидејќи немаат основно познавање на правосудството. Какво е вашето искуство?

– Во Хрватска ретко се случува да се затвoрат вратите на судниците за јавноста, освен кога со закон е потребно такво нешто. Во оваа смисла судовите се целосно отворени. Во однос на новинарите би рекол дека ситуацијата е слична. Секоја чест на исклучоците,  но хрватските новинари не се  доволно едуцирани за да можат стручно да известуваат од судењата, па често се случуваа да пратат погрешна порака до јавноста. Воглавно судовите преку своите портпароли кои се судии се обидуваат да ги едуцираат новинарите и општо медиумите во Хрватска.


Разговараше: Паула Божиновски