/Прочитано:

99

Годинава ќе стартува регистарот на вистински сопственици кои ги поседуваат или ги контролираат  фирмите

Годинава ќе стартува регистарот на вистински сопственици, со кој ќе се евидентираат физичките лица сопственици на правни субјекти кои ги поседуваат или ги контролираат  фирмите, информираат од Министерството за финансии.

Оваа новина е дел од новиот донесен Закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам, кој е во согласност со европската регулатива.

Според овој закон, а во врска со идентификување и потврдување на идентитетот на вистинскиот сопственик, субјектите се должни да го идентификуваат вистинскиот сопственик.

Субјектите се должни да го потврдат идентитетот на вистинскиот сопственик врз основа на податоци и информации од сигурни и независни извори, во обем адекватен на извршената процена на ризикот, со тоа што ќе бидат уверени кој е вистинскиот сопственик.

„Субјектите, податоците за вистинскиот сопственик ги обезбедуваат од оригиналната или заверената документација од трговски, судски или друг јавен регистар, која не смее да биде постара од шест месеци. Субјектите, податоците за вистинскиот сопственик се должни да ги проверат од регистарот на вистински сопственици, при што, не смеат исклучиво да се потпрат на податоците внесени во регистарот“, се пропишува во Законот.

Заради обезбедување транспарентност на сопственичката структура на правните субјекти се воспоставува регистар на вистински сопственици. Централниот регистар на Република Македонија го воспоставува, го води, го одржува и управува со регистарот.

„Регистарот на вистински сопственици треба да претставува систем кој има цел да ги направи транспарентни сложените сопственички структури и правни аранжмани, односно да го разоткрие „скриеното“ сопствеништво. Имено, регистарот треба да го бележи сопственикот, односно сопствениците на правното лице или оние кои имаат реална или друг вид на контрола врз правното лице“, појаснува министерот за финансии, Драган Тевдовски.

Министерството за финансии пропишало Правилник за регистрација во регистарот  во кој е регулиран начинот на внесување, пријавувањето на вистински сопственици, изразувањето на уделот на сопствеништво, техничките барања и начинот на одржување и администрирање.

Централниот регистар од следната година ќе ги регистрира вистинските сопственици на фирмите

Анализата на клиентот според Законот за спречување на перење пари и финансирање тероризам

Субјекти што имаат обврска да преземаат мерки за откривање и спречување на перење пари и финансирање тероризам

Новиот Закон за спречување на перење пари и финансирање тероризам во собраниска процедура

Законски измени за воспоставување регистар на вистински сопственици во рамките на Централниот регистар

Се подготвува Закон за спречување на перење пари и финансирање на тероризам

М.В