/ Прочитано:

1.221

Годишен извештај  за работењето на Државната комисија за жалби по јавни набавки

Извештајот за работењето на Државната комисија за жалби по јавни набавки во 2018 година е на разгледување во Собранието.

Во Извештајот се посочува дека Државната комисија има донесено 715 одлуки по изјавени жалби, од кои поведени се 95 управни спорови, односно само 13,29%, што укажува на висока доверба во одлуките на Државната комисија.

Решавањето на предметите е секогаш во законски утврдениот рок, односно 15 дена од доставување на документацијата по предметот. Со цел зголемување на ефикасноста и ефективноста во работењето на Комисијата во Извештајот се укажува дека е потребно:

– определување на поголем буџет на Државната комисија;

– кадровско доекипирање во стручната служба, особено во секторот за решавање по жалби за јавни набавки, концесии и јавно приватно партнерство;

– подобрување на просторните услови за работа во насока на обезбедување на нови простории заради задоволување на работните капацитети;

– автоматизирање на процесите преку интероперабилност, со што ќе се постигне целосна операционализација на процесите во институцијата, како и компатибилност со ЕСЈН;

– редизајнирање на веб-страницата и подобрување на можноста за детално пребарување на одлуките според видот и специфичноста на јавната набавка, како и јавен пристап до информациите со кои располага Државната комисија заради подобрување на транспарентноста и понатамошно зајакнување на довербата во работењето на Државната комисија од страна на економските оператори и договорните органи.

„Во моментот на доставување на овој извештај, Собранието го има донесено новиот текст на Законот за јавните набавки, кој се темели на обврските за усогласување на нашето законодавство со законодавството на Европската Унија, како и општите принципи и начела на јавните набавки, преку кои треба да се обезбеди слободно движење на стоките, слобода за основање, слобода за обезбедување услуги, како и начелата на економичност, ефикасност, конкуренција помеѓу економските оператори, транспарентност, еднаков третман на економските оператори и сразмерност. Примената на новиот закон ќе започне од 1 април 2019 година“, се резимира во Извештајот.

Стапува во примена новиот Закон за јавните набавки

Прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец април 2019 година

Новиот Закон за јавните набавки објавен на Академика

Донесен новиот Закон за јавните набавки

Предлог-законот за јавните набавки на собраниска седница

Новиот Закон за јавните набавки го промовира концептот на одржливи јавни набавки – Кирил Каранфилов, претседател на Државната комисија за жалби по јавни набавки

Се воведуваат е-планови и е-жалби за потранспарентни јавни набавки

Министерството за финансии во врска со реформите и јавните финансии

Бирото за јавни набавки ќе врши контрола на ризиците од корупција при јавните набавки

Предлог-законот за јавните набавки пред Законодавно-правната комисија

Новините за јавните набавки образложени на комисиска расправа во Собранието на РМ

Новиот Закон за јавните набавки во собраниска процедура

Анализа за транспарентноста, отчетноста и интегритетот во јавните набавки

Многу ниска конкуренција на локалните тендери

Најниската цена, задоцнетото плаќање и обемната документација – проблеми за фирмите при јавните набавки

Намалување на бројот на предмети пред Државната комисија за жалби по јавни набавки

Дебата за Нацрт-законот за јавни набавки: Најавени транспарентни постапки, но и посебен закон за набавки од областа на одбраната и безбедноста

Правото на жалба и битните повреди на законот во Нацрт-законот за јавните набавки

Дел од решенијата предложени во Нацрт-законот за јавни набавки отвораат повеќе дилеми за градежниците

ЈАВНА ДЕБАТА ЗА НОВИНИТЕ ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ: „Новиот закон ќе го подобри квалитетот на јавните набавки“

ЈАВНА ДЕБАТА ЗА ЗАКОНСКИТЕ РЕФОРМИ ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ: Покрај најниската цена, да се вреднува и квалитетот

Новата алатка која овозможува отворени податоци на електронскиот систем на јавни набавки

Објавен е текстот на Предлог-законот за јавните набавки кој е во фаза на подготовка

Огромни разлики во цените по кои се купувани исти производи и услуги

Во подготовка измени на Законот за јавните набавки

М.В