/ Прочитано:

900

Годишниот извештај за управувањето со јавниот долг пред пратениците

Министерството за финансии го достави Годишниот извештај за управување со јавниот долг на Република Македонија за 2017 година во Собранието на РМ. Годишниот извештај за управувањето со јавниот долг има цел поблиску и на редовна основа да ги информира Владата и Собранието на Република Македонија и да ја запознае јавноста со карактеристиките на должничкото портфолио на Република Македонија, како и со преземените мерки за негово ефикасно управување во текот на минатата година.

Целите на управувањето со јавниот долг на Република Македонија, според Законот за јавен долг, се следните: финансирање на потребите на државата со најнизок можен трошок, на среден и долг рок, и со одржливо ниво на ризик; идентификација, следење и управување со ризиците на кои подлежи портфолиото на јавниот долг и развој и одржување ефикасен домашен финансиски пазар. Во Извештајот се содржани дефиниции за државниот и јавниот долг во согласност со Законот за јавен долг.

„Согласно со оваа дефиниција, државен долг претставува збир на финансиски обврски создадени со задолжување на Република Македонија, јавните установи основани од Република Македонија и општините, општините во Градот Скопје и Градот Скопје. Понатаму, јавен долг претставува збир на државниот долг и долгот на јавните претпријатија основани од државата или од општините, општините во Градот Скопје и Градот Скопје, како и трговските друштва што се во целосна или во доминантна сопственост на државата или на општините, општините во Градот Скопје и Градот Скопје, за кои државата има издадено државна гаранција“, се вели во Извештајот.

Извештајот е достапен на следниот линк.