/ Прочитано:

1.796

Голем интерес за обуката на Академик посветена на новините во Законот за административни службеници

Академик денеска организираше еднодневна обука на тема: „Анализа и практична примена на новините предвидени во Законот за измени и дополнувања на Законот за административни службеници“.

Предавач на обуката беше Билјана Николовска-Жагардржавен советник во Министерството за информатичко општество и администрација, која пред големиот број учесници детално се осврна на бројните новини од последните законски измени за административните службеници.

Измените и дополнувањата на Законот за административни службеници, кои беа предмет на дискусија на денешната обука која предизвика голем интерес, се во насока на подобрени и поедноставени постапки за селекција, унапредување и оценување на административните службеници.

Билјана Николовска-Жагар истакна дека обуката има за цел навремено да се образложат и да се појаснат законските новини за административните службеници.

Таа нагласи дека е од исклучителна важност тоа што на едукативниот настан беа присутни учесници со кои можеше да се дискутира не само за законските новини, туку и за сето она што го воочиле како проблем низ практиката.

„Целта на новите законски измени е да се интервенира во законското решение за да се отстранат недостатоците со кои се соочувавме како административни службеници при примената на Законот. Административните службеници се тие кои најсоодветно можат да одговорат на прашањата за проблемите што се појавуваат низ практиката“, истакна предавачката.

„Од тие причини, Министерството за информатичко општество и администрација е отворено за сите сугестии од страна на службениците и добро е што на денешниот настан можевме да дискутираме за сите прашања во таа насока, а не само за прашањата за оценување и унапредување во администрацијата. Во таа смисла, потребно е да се даде аргументирана поткрепа што навистина предизвикува проблеми во практиката, додаде Николовска-Жагар.

Предавачката Николовска-Жагар појасни дека на обуката се дискутираше и за сите теми кои се предизвик за административните службеници во контекст на правилната примена на најновите законски измени.

Со новите измени се опфатени одредбите за тестот за проверка на интелектуалниот капацитет и тестот на личност, за начинот на проверка на знаењето на странски јазик, за постапката и условите за унапредување на административниот службеник, за ефектите од мерките за одличен и слаб учинок  и други измени, преку кои директно се интервенира во управувањето со човечките ресурси во јавната администрација.

Во таа насока, на обуката поконкретно се говореше за измените во поглед на тестот за проверка на интелектуалниот капацитет и тестот на личност, начинот на проверка на знаењето на странски јазик, постапката и условите за напредување во кариерата, новата улога на мерките за одличен и слаб учинок, обврската за планирање на административните службеници и што доколку не е направено планирањето, годишниот план за вработувања на административните службеници и барањето за започнување постапка за вработување.

Исто така, на обуката се дискутираше и за прашањата поврзани со постапката за селекција на кандидати за вработување и за постапката за унапредување на административниот службеник и мобилноста.

Во врска со овие теми, меѓу другото, се нагласија и прашањата за фазите на постапката за селекција за вработување и  унапредување, постапката по жалба против донесената одлука за вработување, мобилноста на вработените во јавниот сектор и значењето и функција на трансфер-листата.

Учесниците на обуката истакнаа дека ќе понесат позитивни импресии од одличната презентација на Николовска-Жагар, од пријатниот амбиент, од интерактивната дискусија и од дадените примери и совети за доследна и правилна примена на законските измени за административните службеници.

„Оваа обука за административни службеници ја оценуваме со највисока оценка. Обуката беше совршено организирана, а амбиентот во кој се одржа е одличен и инспиративен. Се разбира, предавањето на Николовска-Жагар беше многу корисно и многу јасно, со конкретни примери и совети. Се работи за тема за која е потребна едукација и подготовка и позитивно е што благовремено имаме можност да се подготвиме за новините што стапуваат во сила веќе неделава“ – Билјана Стојанова, Христина Димова-Грнчароска и Анета Апостолоска, Државен студентски дом „Скопје“, Скопје.

„Обуката беше супер. Предавачката беше одлична, организацијата исто така. Ќе ни користи многу во нашето практично работење, особено во примената на законските новини за државните службеници“ – Башким Демири, Државно правобранителство.

Конструктивно, темелно и интерактивно – вака би ја оцениле денешната обука на која можеше да се слушне навистина корисно предавање. Предавачката и експерт Николовска-Жагар имаше феноменално излагање“ – Ангелина Јовановска и Катерина Василеска, Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.

„На обуката се говореше за подобрените и поедноставени постапки за селекција, унапредување и оценување на административните службеници и за сите аспекти на овие новини кои треба да се применат во праксата. Од обуката како настан сме задоволни бидејќи предавањето беше исцрпно, а законските новини беа детално образложени. Задоволни сме од обуката и во организациска смисла“ – Јана Ангелова, Фонд за здравство на РМ.

„Обуката беше одлично организирана и многу сум задоволен од презентацијата и од избраната тема. Се разбира, повторно би дошол на обуките во организација на Академик“ – Драган Димитров, Агенција за лекови и медицински средства.

„Прекрасна беше обуката. Имаме извонредна соработка со Академик и не сме првпат на нивните обуки. Редовно сме информирани за содржините и законските новини. Информативниот карактер на Академик е одличен и редовно го следиме“ – Благица Стојановска, ОУ „Цар Самоил“, Ресен.

„Супер беше обуката, задоволни сме, особено од презентацијата на предавачката. Имаше голем број присутни кои поставуваа многу прашања во желба да дознаат што е можно повеќе за примената на законите, односно за примената на законските новини за административните службеници“ – Бесим Авдулахи, Општина Чаир.

„Извонредна обука. Кога предавачката Жагар држи обука секогаш е корисно и интересно. Таа имаше извонредно предавање и многу се посвети на интерактивната дискусија одговарајќи на бројните прашања. Многу убаво и корисно, во секој случај“ – Хилда Серафимовска, Државно правобранителство.

„Добра беше обуката, добро осмислена и конципирана. Темите се мошне актуелни и во вистинско време се дискутираше за нив, но се дискутираше не само од аспект на законодавството туку и од аспект на практиката“ – Жарко Ристовски, КПД „Идризово“.

„Задоволни сме од обуката и од начинот на кој беше образложена темата за унапредувањето и вработувањето на административните службеници, како и за прашањата кои се наметнуваат од имплементацијата на законските промени во тој поглед“ – Ивана Ивановска и Владимир Мерзликин, Општина Делчево.