/ Прочитано:

12.079

Град Скопје ќе доставува решенија за наплата на заостанат долг за данок на имот и фирмарина

„Се известуваат сите даночни обврзници (физички и правни лица) кои во наредниот период на своја адреса ќе добијат решение за присилна наплата за 2016 година, веднаш да пристапат кон плаќањето на наведениот долг во согласност со решенијата за присилна наплата, со што би се избегнала непопуларната мерка за блокада на сметки во деловните банки“, наведува Град Скопје во соопштението. Истовремено, Град Скопје ги известува даночните обврзници, дека согласно Законот за даноците на имот, започна со дистрибуција на решенијата за данок на имот за 2017 година.

Град Скопје денеска соопшти дека во следниот период ќе пристапи кон достава на решенија за присилна наплата на заостанат долг за данок на имот и фирмарина за 2016 година.

„Се известуваат сите даночни обврзници (физички и правни лица) кои во наредниот период на своја адреса ќе добијат решение за присилна наплата за 2016 година, веднаш да пристапат кон плаќањето на наведениот долг во согласност со решенијата за присилна наплата, со што би се избегнала непопуларната мерка за блокада на сметки во деловните банки“, наведува Град Скопје во соопштението.

Доколку даночните обврзници кои се опоменати или на кои им е испратено решение за присилна наплата, во меѓувреме го имаат платено долгот, треба да се обратат во Град Скопје во барака 16, со доказ за уплата на долгот за 2016 година.

Истовремено, Град Скопје ги известува даночните обврзници, дека согласно Законот за даноците на имот, започна со дистрибуција на решенијата за данок на имот за 2017 година.

Дистрибуцијата на решенијата за данок на имот за општините во Град Скопје ја врши АД за поштенски сообраќај Македонска пошта, освен за даночните обврзници во општините Карпош, Чаир и Сарај, кои самостојно вршат достава на истите.

Сите даночни обврзници кои што ги немаат подмирено обврските по основ на данок на имот за изминатите години, во прилог на решението ќе добијат и опомена.

Оваа година во самото решение е наведен адресниот податок за недвижниот имот кој е предмет на данок на имот.

„Исто така сакаме да Ве информираме дека со Ваша регистрација на Web страната на Град Скопје WWW.SKOPJE.GOV.MK може електронски да го превземете Вашето решение, да проверите состојба на имот, да извршите увид во финансиска картичка и да извршите плаќање на даночните обврски“, стои на официјалната страница на Град Скопје.

Даночните обврзници кои нема да добијат решение за данок на имот или кои ќе констатираат несовпаѓање на наведената состојба во решението со фактичката состојба, со соодветна документација имаат обврска да се обратат во Град Скопје, барака 16, шалтер број 1, 2 и 3.

Плаќање на даночната обврска може да се врши на следниот начин:

– преку Web страницата на Град Скопје, со користење на платежни картички

– преку електронско банкарство на деловните банки и

– на шалтерите на деловните банки со презентирање на решението.