/ Прочитано:

1.496

Граѓанската иницијатива за референдум во врска со промената на името на државата пред Законодавно-правната комисија

Граѓанската иницијатива за собирање потписи од најмалку 150.000 избирачи за распишување на дополнителен референдум за одлучување на граѓаните на целата територија на Република Македонија, на Сто седумдесет и девет граѓани, доставена преку овластениот предлагач Тодор Петров, е на дневен ред на денешната Законодавно-правна комисија.

„Владата не ја почитува одлуката на референдумот од 30 септември. Поднесовме иницијатива за собирање потписи за распишување референдум ‘Дали сте за промена на името во Северна?’ Одлуката би била задолжителна, очекуваме Собранието да ја прифати иницијативата. Одржан беше референдум во ‘91 година и не го почитуваа. Во 2018 година беше одржан консултативен референдум, 2/3 од граѓаните не гласаа, го бојкотираа. И оваа одлука Владата не ја почитуваше. Затоа, ние на 20 декември со потпис на 130 граѓани и јас, како овластен предлагач, поднесовме иницијатива за собирање 150.000 потписи за распишување задолжителен референдум со единствено прашање – ‘Дали сте за промена на името во Северна Република Македонија?’, истакна  Петров во врска со поднесувањето на инцијативата.

М.В