/ Прочитано:

876

Граѓанскиот сектор предлага законски измени за подобрување на Законот за ДДВ

„Од соработката со граѓанските организации произлезе предлогот Министерството за финансии да подготви две измени во Законот за додадена вредност. Со првата подобро ќе се прецизира ослободувањето на образовната дејност во законот, и истата природно ќе се надополни и со научната дејност. Второто се однесува на периодот за кој може да се изврши дерегистрација. Во моментов ДДВ обврзниците имаат обврска да останат во системот 5 години по регистрацијата“, велат од Министерството за финансии.

„На барање на граѓанските организации, ќе дадеме можност на доброволна основа лицето да може да се одјави по 2 години, доколку во нив има промет помал од 1 милион денари и не остварил поврат на ДДВ. Моментално лицата кои стануваат ДДВ обврзници се дел од овој систем во следните 5 години по регистрацијата. Граѓанскиот сектор побара тие да имаат можност по две години да поднесат барање за исклучување од системот, доколку повеќе не ги исполнуваат условите. Овие барања се прифатливи за Министерството за финансии и УЈП. Истите во најбрз можен рок ќе бидат подготвени во форма на предлог-измени на законот и поставени на јавна консултација“, додаваат од Министерството.

Физичко лице како даночен обврзник за цели на ДДВ

Водич со корисни информации и упатства за физичките лица за данокот на додадена вредност

УЈП: До 15 јануари да се поднесе пријава за регистрација за ДДВ

М.В