/ Прочитано:

1.366

Граѓанските активисти реагираат на решението на Уставниот суд за мораториумот во Центар

На иницијатива на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Уставниот суд привремено го укина мораториумот за градење во Општина Центар, додека не се  донесе одлука дали е противуставен.

Од Иницијативата О2 потсетуваат дека Уставниот суд не донел привремена мерка, иако била побарана за четирите детални урбанистички планови во Карпош и иако се нанеле последици што тешко се отстрануваат.

„Едниот ДУП е токму тој каде што никнаа зградите на земјиштето на бивш Имес, за кое вчера беше обвинет ексградоначалникот Стевче Јакимовски за злоупотреба на службената положба. Уставниот суд не донесе времена мерка, иако беше побарана и од општина Гази Баба и иако донесе тешко отстранливи последици, за ДУП каде што може да се гради Г1-тешка индустрија. Поради недонесена времена мерка, се изврши електронско наддавање по втор пат и се даде земјиштето под заем на 99 години на Локо транс.

Уставниот суд го пролонгираше со месеци и месеци носењето на решенијата и на одлуките за деталните урбанистички планови во Карпош, иако ги имаше сите потребни документи и одговори од општината.

Уставниот суд не ни овозможи, иако побаравме, во согласност со Деловникот, да ги разгледаме списите во нашите предмети.

Поради основаното сомневање за начинот на работење на уставните судии, нивната (не)зависност, застапувањето на одредени интереси, бараме од Државната комисија за спречување на корупција да го испита постапувањето на уставните судии, а Државниот завод за ревизија да изврши ревизија на нивната работа“, посочуваат од Иницијативата О2.

М.В