/ Прочитано:

2.592

Грција ја легализираше марихуаната за медицински цели

„Отсега, државата врти нова страница, Грција сега е дел од државите каде што снабдувањето на пациентите со медицински канабис е легално“, рече Ципрас. Во наредниот период се очекува левоориентираната партија Сириза, чиј лидер е премиерот Ципрас, да соопшти детали околу тоа како медицинскиот канабис ќе се одгледува во земјата и на кој начин ќе се дистрибуира.

Марихуаната за медицински цели ја легализираше и Грција, која се приклучи кон уште пет земји членки на Европската Унија, односно Чешка, Финска, Холандија, Португалија и Шпанија, каде што марихуаната веќе извесен период успешно се применува во медицината.

Британскиот весник „Индипендент“ денеска пишува дека премиерот на Грција, Алексис Ципрас, уште во текот на минатата недела изјавил дека по ваквата одлука докторите ќе може да ја препишуваат марихуаната за разни медицински состојби, како што се грчеви во мускулите, хронична болка, посттрауматски стрес, епилепсија и рак.

„Отсега, државата врти нова страница, Грција сега е дел од државите каде што снабдувањето на пациентите со медицински канабис е легално“, рече Ципрас.

Во наредниот период се очекува левоориентираната партија Сириза, чиј лидер е премиерот Ципрас, да соопшти детали околу тоа како медицинскиот канабис ќе се одгледува во земјата и на кој начин ќе се дистрибуира.

Премиерот соопшти дека канабисот ќе биде ставен во иста категорија лекови како што се и метадонот и опиумот, со одобрени медицински вредности.

Новиот закон, како што наведува „Индипендент“, се очекува да ја поттикне економијата во Грција, бидејќи дозволува легална индустрија со марихуана.

Грција наскоро ќе може да увезува лекови врз база на канабис.

Сепак, сè уште не се знае дали државата ќе оди на целосна легализација, за рекреативна употреба, придружувајќи ѝ се на Португалија, единствената европска држава во која тоа е дозволено.

А. Б.