/ Прочитано:

1.889

Хелсиншки комитет: Повик за учество на обука за мониторинг на судски рочишта

Хелсиншкиот комитет за човекови права, во рамките на својот мандат за заштита, промоција и унапредување на човековите права во Република Македонија, врши мониторирање на судски рочишта.

За таа цел Хелсиншкиот комитет објавува јавен повик за учество на обука за мониторинг на судски рочишта во Скопје.

На обуката ќе можат да се пријават:

-млади ентузијасти со завршени додипломски студии во областа на правото (постдипломски студии во областа на кривичната или граѓанската постапка ќе се сметаат за предност);

-солидно познавање на Законот за кривичната постапка и Законот за парничната постапка;

-познавање на Кривичниот законик, Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство и Законот за спречување и заштита од дискриминација;

Заинтересираните за учество на обуката потребно е да достават кратка биографија (CV) на македонски јазик и мотивациско писмо во кое ќе ги објаснат своите квалификации и претходно искуство. Апликациите се доставуваат на следната електронска адреса: helkom@mhc.org.mk, со назнака „обука за мониторинг на судења“, најдоцна до 2 февруари 2018 до 17:00 часот.

Од пријавените кандидати, за обуката ќе бидат избрани 10 учесници кои ги исполнуваат горенаведените критериуми. Датумот и местото за обуката ќе бидат одредени по изборот на учесниците. Учесниците по завршувањето на обуката ќе имаат можност да бидат дел од тимот на Хелсиншкиот комитет за следење на судски рочишта во Скопје.