/ Прочитано:

1.168

Хелсиншкиот комитет: Музеј во Скопје со дискриминаторски ценовник кон еднородителските семејства

 

Од  Хелсиншкиот комитет за човекови права во Месечникот за дискриминација информираат дека до Комитетот пристигнала пријава врз основа на личен и семеен статус во пристап до Музеј во Скопје.

„Во согласност со тврдењата на странката, во музејот е предвиден семеен попуст за купување билети само за двородителските семејства кои имаат две деца, додека пак за еднородителските семејства не е предвиден таков попуст.

Странката го посетила музејот ден по отворањето и прашала колку чини смеен билет за еднородителски семејства. На тоа добила одговор дека музејот нема предвидено семејни билети за еднородителски семејства и дека ваквите билети се предвидени само за двородителски семејства со две деца.

Според ценовникот на музејот, кој може да се најде на веб-страницата на музејот, цената на билет за возрасни чини 300 денари, цената на билет за деца од 5 до 14 години чини 200 денари, додека цената за семеен билет за двајца родители и две деца чини 700 денари“, велат од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Вака поставениот ценовник на музејот, истакнуваат од Комитетот, е дискриминаторски кон еднородителските семејства кои не можат да искористат попуст за своите деца.

„Воедно, вака дефинираниот семеен билет не може да биде искористен од згрижувачките семејства или семејствата кои се старатели на деца, што преставува директна дискриминација врз основа на личен и семеен статус. За овој случај е поднесена претставка до Комисијата за заштита од дискриминација“, посочуваат од Хелсиншкиот комитет.

Месечен информатор за дискриминација

М.В