/ Прочитано:

2.020

Иџет Мемети и Уранија Пировска – набљудувачи во Европската агенција за фундаментални права

Владата на Република Македонија ги определи Иџет Мемети, Народен правобранител на Република Македонија, за набљудувач во Европската агенција за фундаментални права од Република Македонија и Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, за заменик набљудувач во Европската агенција за фундаментални права.

Тања Кикерекова, раководител на одделение за човекови права во Министерството за правда,  е определена за офицер за врски, а Елена Бодева, соработник во Министерството за надворешни работи, за заменик офицер за врски.

Агенцијата за фундаментални права го мониторира статусот на европските вредности, како слободата, еднаквоста и човековите права. Разгледувајќи ги прашањата за човековите права, Агенцијата врши истражувања и давање препораки на институциите на ЕУ во врска со човековите права.

М.В