/Прочитано:

127

Инфографик за состојбата со работничките права во текстилната индустрија

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, со поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија, го спроведува проектот „Правно зајакнување на текстилните работнички за самозастапување“. Една од активностите во рамките на овој проект е издавањето инфографици, кои имаат цел да се информира јавноста за состојбата со работничките права во текстилната индустрија, за пријавените случаи на прекршувања на работничките права, за бројот на работници опфатени со параправната помош, за видот и бројот на обезбедени услуги, за бројот и видот на постапки поведени пред надлежните органи  и за утврдените прекршувања. Првиот инфографик за 2018 година се однесува на периодот февруари – април 2018.  Инфографикот можете да го преземете на следниот линк.

М.В