/ Прочитано:

1.423

Иницијатива до Уставниот суд за одредби од Кривичниот законик

Во Уставниот суд во процедура е иницијативата за оценување на уставноста на одредби од Кривичниот законик од 2004 и 2009 година кои се однесуваат на злоупотреби за службената положба и овластување. Иницијативата до Уставниот суд во септември ја поднел адвокатот Еленко Миланов. Во врска со иницијативата од Владата на РМ објавија соопштение.

„Владата донесе одлука да му предложи на Уставниот суд да не ја прифати иницијативата поднесена од Еленко Миланов од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Македонија под У. бр. 106/2018, за поведување на постапка за оценување на уставноста на член 196 од Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик („Службен весник на Република Македонија“ бр. 19/2004) и член 100 став 2 од Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик („Службен весник на Република Македонија“ бр. 114/2009).

Владата му предложи на Уставниот суд да не ја прифати иницијативата со цел да се оневозможи избегнување одговорност за сторени кривични дела од страна на високи функционери за кои се води постапка од страна на Специјалното јавно обвинителство“, информираат од Владата на РМ.

M.В