/ Прочитано:

1.683

Инспекторка навремено реагирала во случај на семејно насилство, се нотира во извештајот за човековите права

Хелсиншкиот комитет за човекови права го објави месечниот извештај за состојбата со човековите права во РМ за декември 2018 година. Извештајот опфаќа теми од областите: судски мониторинг, родово базирано насилство, дела од омраза, казнено-поправни установи и текстилни работнички. Месечниот извештај можете да го преземете на следниот линк.

Инспекторка навремено реагирала во случај на семејно насилство, се нотира во месечниот извештај за човековите права, кој го објавува Хелсиншкиот комитет за човекови права.

„Хелсиншкиот комитет за човекови права доби анонимна пријава за сторено семејно насилство врз жртва од страна на нејзините родители. Имено, родителите ја принудиле жртвата на присилен брак, а откако жртвата се обидела да го напушти домот, ѝ забраниле да излегува од домот и ѝ ги одзеле личните ствари. Со ваквите дејствија и континуираното психичко вознемирување од страна на родителите жртвата е лишена од нејзините основни човекови права. Овој настан Хелсиншкиот комитет го пријави во Секторот за внатрешни работи – Тетово. Инспекторка од Одделот за семејно насилство веднаш постапи по поднесената пријава, изврши увид во домот на пријавените и спроведе разговор со жртвата и нејзините родители. Секторот за внатрешни работи – Тетово поднесе кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство, кое сè уште нема донесено јавнообвинителска одлука. Хелсиншкиот комитет ќе продолжи да го следи овој случај“, се образложува во извештајот на Комитетот.

Месечен извештај за состојбата со човековите права

М.В