/ Прочитано:

3.448

ИНСТИТУТ ЗА СТАНДАРДИЗАЦИЈА НА РМ:  Новите македонски национални стандарди на јавна расправа

Од страна на Техничкиот комитет ИСРМ ТК 25 – Бетон, производи од бетон и ѕидарија при ИСРМ, подготвени се три нови македонски национални стандарди:

Н МКС 1019:2018 – Испитување на мостови со пробно товарање

Н МКС 1020:2018 – Испитување на конструкции од високоградба со пробно товарање и испитување до лом

Н МКС 1016:2018 – Бетон – Спецификација, својства, производство и сообразност – Правила за употреба на МКС EN 206:2014+A1:2017

Овие стандарди се пуштени на јавна расправа од месец јули до крајот на месец октомври 2018 година. Повеќе информации за стандардите ќе најдете на интернет-страницата www.isrm.gov.mk, каде што е достапна драфт-верзијата на стандардите http://www.isrm.gov.mk/mk/news/