/ Прочитано:

5.687

ИНТЕРВЈУ СО НАЈДОБРИОТ ФРАНЦУСКИ АДВОКАТ ЗА АРБИТРАЖИ: Филип Пенсол, овогодишен предавач на Конференцијата на Академик

Филип Пенсол е управувачки партнер на париската канцеларија на Адвокатското друштво „Квин Емануел“. Од „Чемберс глобал“ наведуваат дека клиентите го дефинираат како беспрекорен стратег со одлично чувство за тактичност, а додаваат и дека неговиот прагматичен пристап, одличниот интелект и докажаната техничка вештина го издвојуваат од останатите. Реномирани институции и организации го истакнуваат како експерт во нафтената и гасната проблематика, а интернет-магазинот whoswholegal.com го воздига, припишувајќи му беспрекорни вештини во застапувањето.

slika

Пенсол работел како адвокат во повеќе од 200 меѓународни арбитражи, со посебен фокус на арбитражните процеси меѓу инвеститори и држави и на деловните спорови во енергетиката, во нафтената и гасната индустрија, во градежништвото и во одбранбената индустрија. Добитник е на голем број награди и признанија од реномирани меѓународни здруженија и институции, меѓу кои и наградата за најдобар адвокат за арбитражи во Франција за 2014 година, како и наградата за адвокат на годината за решавање на спорови во енергетскиот сектор во Франција во 2015 година.

Познатиот француски адвокат и едно од водечките имиња на меѓународната арбитража, кој ќе биде предавач на овогодишната Конференција „Управување со правни ризици:правни трендови“, во организација на Академик, вели дека во сферата на меѓународната арбитража има многу талентирани адвокати, но дека клучот за успехот секогаш треба да го бараат во чесноста и во самодовербата.

akademik foto 1

Како адвокат имате работено во повеќе од 200 меѓународни арбитражи. За каков тип на арбитражи се работи?

Во мојата речиси 25-годишна кариера, имам учествувано во речиси секаков вид на поголеми меѓународни случаи. Како позначајни случаи се т.н. тајвански случаи со фрегати – една голема француска компанија против една тајванска компанија, по продажбата на шест фрегати на Тајван од страна на Франција. Ова беше случај вреден 1 милијарда американски долари, во кој извршив вкрстена процена на тајванските адмирали во Тајван. Исто така, бев еден од главните советници во арбитражата Јукос, каде што поголемиот дел од акционерите на Јукос добија награда од 50 милијарди американски долари. Исто така, бев вклучен во големите спорови за нафта и гас, вклучително и во ревизијата на цените на гас.

akademik foto 1

Како арбитер имате учествувано во над 40 процеси. Добитник сте на голем број награди и признанија од реномирани меѓународни здруженија и институции, меѓу кои и наградата за најдобар адвокат за арбитражи во Франција за 2014 година, како и наградата за адвокат на годината за решавање на спорови во енергетскиот сектор во Франција во 2015 година. Што е клучно за вашиот професионален успех?

Во областа на меѓународната арбитража, гледаме многу талентирани адвокати кои доаѓаат од различни јурисдикции, како од граѓанското право така и од општото право. Многу од нив се навистина успешни и употребуваат различни техники. Ми се чини дека клучот на успехот е искреност и способност да се протурка еден аргумент најдалеку што може, но не предалеку. Еден арбитражен суд треба да се чувствува сигурен дека може да се потпре на совет. Кога ќе се воспостави доверба, можете да бидете далеку поубедливи.

akad 2

Арбитражите во кои сте учествувале се со посебен фокус на арбитражните процеси меѓу инвеститори и држави и на деловните спорови во енергетиката, во нафтената и гасната индустрија, во градежништвото и во одбранбената индустрија. Би можеле ли да ни укажете на некои правни ризици со кои може да се сретнат компаниите во оваа област и што е она што адвокатот првенствено треба да им го посочи на своите клиенти во врска со правните ризици?

Компаниите што функционираат во екстрактивните индустрии (или во која било дејност што создава капитал, каде што инвестициите се надоместуваат во текот на неколку години) се соочуваат со подобрен регулаторен ризик. Тие инвестираат многу однапред, имаат тврд капитал и често имаат персонал во земјата. Ним им е потребна стабилност. Даночните и царинските ризици се очигледен ризик, но исто така имате и ризик по животната средина, како и друг вид на регулаторен ризик. За овие ризици мора да се разговара отворено со властите и се препорачува да се договори и посебен режим, доколку е возможно, за да се вклучи овој режим во договор и да се обезбеди дека локалните формалности, како на пример одобрување од парламентот, се усогласени кога е потребно. Инвестициските договори можат да обезбедат дополнителен слој на заштита, но не би можел целосно да им верувам на долг рок бидејќи нивната прифатливост не е тоа што беше.

foto akademik

Што ќе биде предметот на вашето предавање на Конференцијата на Академик посветена на правните ризици?

Ќе зборувам за приспособувањето на долгорочните договори кон променливите околности. Ова е клучен проблем денес со значителни варијации во цените на добрата од 2008 година. Барелот нафта се намали од 150 американски долари на 20 американски долари. Европа, исто така, е сведок на големи проблеми на пазарот со гас поради префрлување од договорни модели на база на нафта кон договорни модели базирани на јазли на достава во договорите за природен гас, но не и во договорите со ТНГ. Пазарите на електрична енергија се погодени од субвенционирани извори на електрична енергија што резултира со негативни цени на електричната енергија во Германија во одредени периоди. Како долгорочните договори се справуваат со оваа ситуација?

foto akademik

Конференцијата на Академик, на која како предавач ќе настапи Филип Пенсол, ги обединува лидерите во правниот свет кои се занимаваат со управувањето со правни ризици, а оваа година акцентот ќе биде ставен на правните трендови, односно на запознавање на нашите учесници со најновите и најдобрите правни практики во сферата на правниот дизајн, со алтернативните правни практики во адвокатските компании, со новините во користењето на правните услуги, со усогласеноста со законите и етичките норми со придобивките што ги има компанијата од работата на својот главен правен застапник, со управувањето со таленти и со регионалните правни достигнувања.

Академик ви стои на располагање на 02/3232-821, формуларот за регистрирање можете да го најдете тука, а повеќе информации можете да најдете на akademikconference.com.mk

Наскоро очекувајте го претставувањето и на останатите предавачи на овогодишната конференција на Академик.

АКАДЕМИК КОНФЕРЕНЦИЈА Управување со правни ризици: Правни трендови – Skopje Legal Risk Management: Legal Trends, 18 – 19 октомври, 2016 година