/ Прочитано:

952

Истрага за илегално финансирање на предизборната кампања на Саркози

Француската полиција денеска го приведе на распит поранешниот претседател на Франција Никола Саркози во рамки на истрагата за илегално финансирање на неговата предизборна кампања.

Како што јави АФП, истрагата се води околу сомнежите дека за време на претседателските избори во Франција во 2007 година, кампањата на Саркози била илегално финансирана од Либија.

Распитот на Саркози се спроведува неколку недели откако во врска со истата истрага во Лондон беше уапсен неговиот поранешен соработник Александар Џури. Џури подоцна беше ослободен со кауција.