/ Прочитано:

5.083

Измени на Законот за прекршоци чија цел е намалување на прекршочните глоби

Министерството за правда подготвува измени на Законот за прекршоците. Целта на новото законско решение, велат од Министерството за правда, ќе биде првенствено намалување на прекршочните глоби, потоа јасно разграничување помеѓу административниот престап и судскиот прекршок, превенција наместо репресија, односно изрекување на опомена пред да се изрече административен престап кога е тоа возможно, како и подобрување на ефикасноста на прекршочната постапка.

„Постојниот Закон за прекршоци е донесен во 2015 година. Истиот остана со речиси идентични одредби како и законот од 2006 година, со одредени номотехнички промени. Ова законско решение не доведе до намалување на глобите кои можат да ги изрекуваат прекршочните органи, а на одредени места истите дури и беа зголемени. Со Законот за прекршоци од 2015 година за прв пат се воведе двостепеност во прекршочната постапка во рамки на државната управа. Со овие решенија, со кои се овозможи органи на управа да изрекуваат глоби во милионски износи и судска заштита која не го одлага нивното извршување, всушност се отстапи од вистинското значење на поимот прекршок. Висината на глобите, како и правната заштита на граѓаните од евентуални незаконски решенија за прекршоци пропишани со постојниот Закон за прекршоци ги доведува во прашање доследната примена на начелата на владеење на правото, правната сигурност, правичноста и сразмерноста. Исто така, во моментов постои значителна бројка на прекршоци кои се во надлежност на голем број на несудски прекршочни органи, како и голем број на закони со кои се утврдуваат прекршоците и висината на глобите за нивно сторување“, образложуваат од Министерството.

М.В