/Прочитано:

595

Измени на Законот за судска служба за подобрување на постапките за вработување и унапредување на судските службеници

Министерството за правда најавува измени на Законот за судска служба поради празнини и непрецизности кои влијаат врз целосното спроведување на постапките за вработување и оценување на судските службеници.

Со измените, велат од Министерството, ќе се подобрат и ќе се поедностават постапките за вработување и унапредување на судските службеници.

Измените на Законот за судска служба во повеќе наврати беа актуализирани и од Здружението на судска администрација и УПОЗ, особено во делот на условите за вработување.

Со Законот за судска служба се уредуваат правата, должностите, одговорностите на судските службеници, системот на плати и надоместоци на плати на судските службеници.

Судската служба ја сочинуваат судските службеници, лицата вработени во судовите кои вршат технички и помошни работи и судската полиција.

М.В