/ Прочитано:

1.714

Измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување на седница на Законодавно-правната комисија

Измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување се на дневен ред на денешната седница на Законодавно-правната комисија.

Со законските измени се предлага во категоријата на осигуреници да се опфати и физичкo лицe коe е регистриранo како вршител на самостојна дејност за трговија на мало на тезги и пазари, запишан во регистарот на Комората на трговци на Македонија.

„Со ова се врши усогласување со Законот за трговија на зелени пазари. Имено, во овој закон содржани се одредби кои се однесуваат на прием во задолжително социјално осигурување на ‘Трговец на зелени пазари’ и тоа опфаќа невработено физичко лице што врши трговија на мало на тезги и пазари, физички лица кои се занимаваат со земјоделска дејност, трговци поединци“, се вели во законското образложение.

Исто така, за категоријата на осигуреници кои работат на работни места на кои стажот на осигурување се смета со зголемено траење им се овозможува намалувањето на старосната граница за остварување право на старосна пензија да се врши пропорционално на времето поминато на работа со бенефициран стаж.

„За категоријата осигуреници кои работат на работни места на кои ефективно поминати 12 месеци стаж на осигурување се смета како стаж на осигурување со зголемено траење на работни места и работи кои се изведуваат под земја им се овозможува да остварат право на старосна пензија и со навршување на 40 години пензиски стаж (маж), односно 35 години пензиски стаж (жена)“, се посочува во образложението.

Законските измени за пензионирањето на рударите и за осигурувањето на трговците на зелени пазари во собраниска процедура

Трговците на зелени пазари ќе имаат легитимации кои ќе ги издава Комората на трговци

М.В