/ Прочитано:

757

Извештај од спроведувањето на Препораката CM/Rec (2010)5 на Советот на Европа

Хелсиншкиот комитет го објави Извештајот од спроведувањето на Препораката CM/Rec (2010)5 на Советот на Европа. Извештајот е приказ за тоа колку Република Македонија  ја имплементира Препораката на Советот на Европа во борбата против дискриминацијата врз основа на сексуалната ориентација и родовиот идентитет.

„Оваа препорака претставува многу значаен документ за ЛГБТИ-луѓето како прв меѓународен правен инструмент кој се однесува исклучиво на дискриминацијата врз овие основи. Извештајот ги прикажува клучните наоди од процената на напредокот во спроведувањето на оваа препорака од страна на државата и дава конкретни препораки до Владата на Република Македонија за преземање приоритетни мерки“, посочуваат од Комитетот.

Линк до целосниот Извештај од спроведувањето на Препораката.