/Прочитано:

261

Извештај за предлог-реформата на системот на социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика на ЕНЕР објави финален Извештај за предлог-реформата на системот на социјална заштита.

Извештајот, посочуваат од Министерството, е изготвен како резултат на претходно спроведена компаративна анализа на правната регулација на системите на социјална заштита во повеќе развиени европски држави, како и длабинска квантитативно-квалитативна анализа на состојбите во дејноста социјална заштита во Република Македонија.

Извештајот предвидува подготовка на нов текст на Законот за социјална заштита и измени на Законот за заштита на деца во делот на права на парична помош од детска заштита. Целосниот текст на извештајот може да се погледне на следниот линк.

М.В