/ Прочитано:

1.115

Извештајот за работата на УКИМ пред пратениците

Во согласност со одредбите од Законот за високото образование, ректорот го поднесува овој извештај за својата работа и за работата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, за периодот од 15 септември 2017 до 30 септември 2018 година.

„И во овој извештаен период, Универзитетот преку обединување на функциите на единиците во својот состав, спроведува единствена политика, чија цел е постојано унапредување на високообразовната дејност, односно унапредување на квалитетот на наставата, усовршување на научноистражувачкиот и уметничкиот подмладок, воведување на студентите во научноистражувачката и апликативната работа, како и обезбедување материјални услови за работа и развој на Универзитетот.

Целокупните активности во изминатиот двегодишен период беа насочени во продолжување на започнатите процеси и активности, како и преземање нови активности со цел реализација на новиот Закон за високото образование од мај 2018 година.

Поголемиот дел од планираните активности се завршени, додека другите се сè уште во тек, заради усогласувањето со новиот Закон за високото образование, чија имплементација ќе потрае и во наредниот период.

Како и досега, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје продолжува да се соочува со низа ограничувачки фактори, кои негативно се одразуваат врз динамиката и степенот на реализацијата на целите и задачите кои придонесуваат за позабрзан и посеопфатен развој на високообразовната дејност.

Намалената финансиска поддршка за имплементација на болоњските принципи на студирање, немањето мерила и критериуми за финансирање на дејноста на високообразовните установи, намалувањето на финансиските средства за научноистражувачката дејност на факултетите и на научните институти, прашањето на неадекватно кадровско обновување и сл., се одразуваa на остварувањето на определбите на Универзитетот да го добие заслуженото место на светските ранг-листи на универзитети“, се вели во Извештајот, кој може да се преземе на следниот линк.

М.В