/ Прочитано:

1.356

Јавна расправа и почеток на третата фаза за изгласаните нацрт-амандмани на Уставот

По тридневна расправа, пратениците во Собранието на РМ ги усвоија четирите нацрт-амандмани за промена на Уставот во согласност со Договорот од Преспа помеѓу Македонија и Грција.

По усвојувањето на нацрт-уставните амандмани во Собранието, предлагачот на уставните измени, односно Владата на РМ, треба да организира јавна расправа од три дена, по што има два дена да подготви извештај и петтиот ден да го достави до Собранието. Претседателот на Собранието на РМ, Талат Џафери, потоа е должен во рок од 30 дена да закаже седница за финално носење на амандманите, за што повторно, како во првата фаза, е потребно двотретинско мнозинство. Со тоа се финализира постапката за уставните измени, кои произлегуваат од Договорот од Преспа.

На текстот на предлогот на амандманите на Уставот предлагачот, секој пратеник, работно тело и Владата, кога не е предлагач, можат да поднесат амандмани најдоцна осум дена пред седницата на Собранието на која ќе се усвојуваат амандманите на Уставот.

Амандманите за измена на Уставот се донесуваат со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Нацрт-амандманите на Уставот пред Комисијата за уставни прашања

Според нацрт-амандманите, зборот „Македонија“ останува во членот 36 од Уставот

Деловникот на Собранието на РМ во врска со нацрт-амандманите на Уставот

Собранието донесе одлука за пристапување кон измена на Уставот

Предлогот за уставни измени на собраниска седница – објавен извештајот од Комисијата за уставни прашања

Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на седница на Комисијата за уставни прашања

Деловникот на Собранието на РМ во врска со Предлогот за пристапување кон измена на Уставот

Што содржи Предлогот на Владата до Собранието на РМ за пристапување кон измени на Уставот

Предлогот за пристапување кон измени на Уставот на вонредна седница на Владата

М.В