/Прочитано:

608

Јавното обвинителство по допрен глас отвори предмет за депонијата „Дрисла“

Основното јавно обвинителство по допрен глас отвори предмет за  кривично дело загадување на животната средина и природата од чл. 218 од Кривичниот законик.

„Во насока на утврдување на фактите, надлежниот јавен обвинител испрати барање до Министерството за животна средина и просторно планирање за добивање потребни податоци во врска со досегашна извршена контрола над работењето на депонијата „Дрисла“ – СКОПЈЕ ДОО, како и доколку е извршена контрола, дали е констатирано почитување на протоколите за согорување на медицински отпад од страна на депонијата и други информации“, велат од Јавното обвинителство.

М.В