/ Прочитано:

1.236

ЈОРМ: Поведена предистражна постапка за перење пари од страна на високи македонски функционери во Република Србија

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по допрен глас поведе предистражна постапка поради постоење индиции за сторено кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело од чл. 273 од Кривичниот законик, информираат од ЈОРМ.

„Предистражната постапка е како резултат на објавените написи од страна на повеќе медиуми во Република Македонија во врска со изјавата на поранешниот српски министер за надворешни работи и претседател на Народната партија во Република Србија, Вук Јеремиќ. Изјавата се однесува на наводно перење пари во Република Србија од страна на високи македонски функционери и нивната поврзаност со физички и правни лица од Србија и Чешка. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги презема сите потребни дејствија и координација со институциите надлежни за откривање на овој вид на кривични дела. За понатамошниот тек на постапката, јавноста континуирано ќе биде известувана“, се вели во соопштението на ЈОРМ.

М.В