/ Прочитано:

2.416

ЈОРМ: Триесет и шестмина се гонат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста

„Основното јавно обвинителство за гонење на  организиран криминал и корупција по преземање на сите дејствија за утврдување на фактите во врска со настаните  кои се случија на 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија ја заврши предистражната постапка. По разгледување и анализа на прибраниот доказен материјал, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување на истражна постапка против  триесет и шест лица поради  основано сомнение за сторено кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 од Кривичниот законик“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство.

Во врска со настаните во Собранието, утрово е уапсен поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков, по отворена истрага против него за насилствата во Собранието. Покрај Чавков, приведени се уште 15-ина, меѓу кои пратеници и граѓани кои учествувале во настаните на 27 април во Собранието.

M.В