/ Прочитано:

918

КАТАСТАР: Меѓународна конференција за управување со земјиштето на која се одбележа глобалниот Ден на геодетите

Повеќе организации, посебно ЦЛГЕ – Советот на европски геодети од Европа и НСПС – Националното здружение на професионални геодети од САД, поддржани од Меѓународната федерација на геодети – ФИГ, го прогласија денот 21 март за глобален Ден на геодетите.

Овој настан ќе се одбележува секоја година на овој датум, а со него се потенцира важноста на геодетската работа. Оваа година, за прв пат, овој Ден на геодетите ќе биде промовиран во Вашингтон, во Соединетите Американски Држави, во рамките на конференцијата „Земјиштето и сиромаштијата, управување со земјиштето во меѓусебно поврзан свет“.

На оваа значајна конференција, Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија има свои претставници. Македонија има своја презентација со наслов: „Агенција за катастар на недвижности на Република Македонија, пред и после реформите, научени лекции, бизнис-ориентација“. Директорот на АКН, Борис Тунџев, е дел од уечсниците на тркалезната маса на која се разговара за иднината на геодетите во современиот свет и ќе се отворат многу важни прашања за иднината на професијата.

Исто така, делегацијата на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија ќе се претстави и со соодветен постер, според предвидениот дневен ред на конференцијата и предвиденото време за презентација на постерот.

М.В