/ Прочитано:

717

Ќе се менува Законот за јавен долг

Министерството за финансии подготвува измени на Законот за јавен долг. Предложените измени и дополнувања на Законот за јавен долг имаат цел  проширување на опфатот на дефиницијата за јавен долг и нејзино усогласување со меѓународно прифатени стандарди, зголемување на транспарентноста при известувањето за јавниот долг, дефинирање на рокови за изработка и објавување на документи кои се однесуваат на управување со јавен долг.

„Со Законот за изменување и дополнување на Законот за јавен долг (Службен весник на Република Македонија бр. 165/14 – пречистен текст), негарантираниот долг се вклучува во опсегот на јавниот долг со цел допрецизирање на дефиниции за јавниот долг коишто претходно беа користени, а ќе се изврши и усогласување со меѓународно прифатени стандарди. Исто така, заради подобро објаснување се прецизира дефиницијата за државна гаранција. Со измените се предлага изработка на посебен стратешки документ за управување со јавниот долг – Стратегија за управување со јавниот долг. Воедно, во законот поопфатно ќе се дефинираат целите на задолжувањето, односно препозајмувањето (он-лендинг) на носителите на јавен долг. Дополнително, со цел зголемување на отчетноста и транспарентноста во врска со информирањето за јавниот долг се утврдува рок во кој Годишниот извештај за управување со јавниот долг се поднесува до Собранието на РМ за информирање“, образложуваат од Министерството за финансии.

М.В