/ Прочитано:

4.195

Ќе се основа ново министерство за политички систем и односи меѓу заедниците – предложени измени на Законот за Владата

Група пратеници од владејачкото мнозинство во Собранието предложија измени на Законот за организација и работа на органите на државната управа и на Законот за Владата. Со измените се предлага да се основа ново министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.

„Заради функционирање на државата во делот на работите поврзани со политичкиот систем, спроведување на Охридскиот рамковниот договор и принципите кои произлегуваат од овој Договор како и унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците во Република Северна Македонија, се појави потреба да се основа ново Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците“, се вели во законското образложение.

Покрај предложените измени на Законот за организација и работа на органите на државната управа, пратениците предлагаат и измени на Законот за Владата.  Целта на овој предлог-закон е да се направи усогласување со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа, во кој се предвидува основање на ново министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.

Во двата прелодожени текста се предлага законско бришење на Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор.

М.В