/ Прочитано:

2.486

Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања ги одобри барањата за притвор на пратеници

Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања ги одобри барањата за притвор на пратениците: Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Жаклина Пешевска, поднесени од Основниот суд Скопје 1 – Скопје, на 28 ноември.

Според членот 54 од собранискиот Деловник, врз основа на извештајот на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, Собранието најдоцна во рок од три дена од добивањето на барањето за притвор на пратеникот одлучува по барањето.

Според Уставот на РМ, пратеникот не може да биде притворен без одобрување на Собранието, освен ако е затечен во вршење кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години.

Одредбите од Уставот и Деловникот на Собранието на РМ за имунитетот на пратениците

ОРМ: Триесет и шестмина се гонат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста

М.В