/ Прочитано:

1.320

Комисијата за хартии од вредност објавува конкурс за научноистражувачки труд и за есеј

„Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија вложува особени напори во своето работење за реализација на активности кои придонесуваат за развој на пазарот на хартии од вредност, и во таа насока ја идентификува и научноистражувачката дејност преку која очекува да го зголеми интересот за истражување во оваа област, како и да ја охрабри младата популација (студентите) да даде придонес во овој процес“, истакнуваат од Комисијата.

За таа цел Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија распишува конкурс за:

1. Есеј – осврт на тема: „Влијанието и придобивките на приклучување кон евроатлантските организации врз работењето на пазарите на хартии од вредност“;

2. Научно истражување – труд со оригинални научни резултати на тема: „Влијанието и придобивките на приклучување кон евроатлантските организации врз работењето на пазарите на хартии од вредност“.

Право на учество на конкурсот имаат сите државјани на Република Македонија, без ограничување на бројот на автори. Вработените во Комисијата и комисионерите немаат право на учество на конкурсот.

Еден автор има право да поднесе само еден самостоен труд. Трудовите  изработени во коавторство се прифатливи. На конкурсот за најдобро научно истражување – труд авторите имаат право да конкурираат и со веќе објавени трудови во текот на 2018 година. Деталите за конкурсот на следниот линк.