/ Прочитано:

2.461

Комисијата за верификација на факти: Славко Јаневски соработувал со тајните служби

Петок, 28 јуни 2013 – Славко Јаневски, авторот на првиот македонски роман, е прогласен за соработник на тајните служи според одлуката на Комисијата за верификација на факти.

Иако, официјално името на лустрираниот пистател не се открива, дека се работи за Јаневски може да се заклучи од назнаките дека се работи за академик и писател познато по делото „Село зад седумте јасени“, а неговото досие е под кодно име „Славјан“.

Според Комисијата, починатиот поет е лустриран затоа што соработувал со тајните служби и следел писатели и уметници, а пред тајните служби ги кодошел, а за некои тврдел дека пишуваат лоша литература

Славко Јаневски е истакнат македонски раскажува, романописец, поет и филмски сценарист, автор на првиот роман на македонски јазик. Славниот писател почина во 2000-та година.

Покрај него лустрирани се уште 14 лица. Според лустраторите, лустрираните лица работеле како наредбодавци кои наредиле следење и кодошење на актуелен претседател на политичка партија во почетокот на плурализмот во Македонија. Меѓу нивните жртви е и актуелен член на Државната изборна комисија кого службите го следеле пред 20 години.

Членот на лустрациската комисија, Чедо Дамјановски повеќепати укажува дека ваквите потези се спротивни на одлуката на Уставниот суд, според која поранешни функционери не треба да бидат подложени на лустрација.