/ Прочитано:

1.101

Конкурс за доделување стипендија за академски студии од втор циклус во Грција за академската 2018/2019 година

Компанијата ОКТА АД – Скопје заедно со групацијата Хеленик петролеум доделува стипендија за постдипломски студии по енергетика, право и економија на Универзитетот во Пиреја. (https://www.des.unipi.gr/en/msc-energy-proclamation)

„Ова е првата магистерска програма во Југоисточна Европа и една од само неколкуте во Европа, посветена исклучиво на енергетска стратегија, право и економија. Програмата на постдипломските студии се изучува на англиски јазик и се одвива во два семестра. Потоа студентите работат на својот магистерски труд. Предавањата започнуваат наесен и ќе се одвиваат во период од по 11 недели во секој семестар. Предавањата се одржуваат во петок навечер и во сабота“, информираат од Правниот факултет „Јустинијан Први“. Детали за конкурсот на следниот линк.